Популарната пејачка Дуа Липа е лице во кампањата за новата колекција на Адидас, насловена ‘Here To Create’, дизајнирана за сезоната есен/зима 2018/19.
23 годишната британска пејачка (чии родители, инаку, се од Косово) ги носи неодоливите спортски парчиња од Адидас. За каталогот таа позира во хелански со принт, спортски градници и патики за трчање.