Дуа Липа е лице на новата козметичка кампања на YSL

Пејачката Дуа Липа е ново лице во козметичката кампања на YSL.

Добитничата на Греми 2019 за најдобра нова артистка, преку пост на Инстаграм го најави своето партнерство со луксузната марка Ив Сен Лоран.

И од брендот потврдија дека Дуа Липа ќе биде амбасадор на нивниот нов женски парфем, за кој не се откриваат повеќе детали. Кампањата за парфемот ќе биде лансирана на почетокот на септември, а парфемот ќе биде во продажба од средината на септември.

x

Check Also

Кјара Ферањи лошо го изрекламира Lancôme

Дожд од критики и негативни коментари повторно пристигнаа за Кјара Ферањи преку ...