Дуа Липа го смени изгледот за да се врати на социјалните мрежи

Од црна до „плава“, поп ѕвездата се врати на „големо“ на социјалните мрежи.

Новата музичка ера за Дуа Липа, наскоро, пристигнува. Поп-ѕвездата во еден период се одмори од социјалните медиуми, бришејќи ги сите фотографии и постови на нејзините профили. Се „шушка“ дека новиот сингл ќе биде издаден на 1 ноември, а очигледно е дека пејачката радикално го смени изгледот.

Пејачката сега има необична дво-тонска нијанса на коса, која е вусшност, еден од новите водечки трендови на есенската сезона.

Липа на Инстаграм сподели серија на фотографии со новиот изглед, инспириран од терндот на 90-те години. Од што се состои оваа техника на боење? Во суштина, косата изгледа униформно обоена, во случајов со руса нијанса, но присуствува и втора нијанса, како сенка, на темно кафеава боја.

Новите трендови на коса за есен 2019 година поддржуваат два тона: идеален избор се за оние кои сакаат да го променат изгледот со смел резултат, како овој на поп-ѕвездата Дуа Липа. Овој тренд инаку, започна во 90-те години, во Лондон, инспирирани од двојните нијанси на коса на Гери Халивел од „Спајс грлс“. Оние со руса коса можат да изберат контрастно црвена или виолетова нијанса како втора „сенка“, додека оние со темна основа можат да изберат платинеста нијанса, но и флуоресцентни тонови, како жолта или розова нијанса.

 

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...