Дуа Липа лансира модна колекција

Модното партнерство на годината е објавено – наскоро ќе пристигне колекцијата од двајцата соработници Дуа Липа и компанијата „Ниден“.  И покрај тоа што и двете страни, во меѓувреме, ги чуваат во тајност своите дизајни, тие објавија дека понудата ќе бидат „без сезона“ и унисекс, со колекција која ветува „широк спектар на модели“.

Објаснувајќи зошто се разделува од музиката, Дуа Липа рече дека модата игра важна улога во нејзиниот живот и кариера, бидејќи верува дека е од витално значење за самоизразувањето.

Пејачката соопшти дека нејзината нова линија е дизајнирана да одговара на жените со сличен сензибилитет и стил на неа, како и на нејзините обожаватели. „Создавам облека што одразува сила и бестрашност, но, исто така, која одговара со брзината на денешницата”. Звучи интересно, нели?

Во неодманешниот разговор за Вог, Дуа Липа откри дека Ниден и дозволил тотална креативна контрола над колекцијата да создава модни парчиња кои неа и се допаѓаат и кои и таа самата би ги носела.

Од Ниден пак, соопштија – „Дуа е една од најпознатите поп-артисти во светот, денес. Нејзиниот силен и жесток став, а да не зборуваме за карактеристичниот стил, ја прави совршено погодна за модната филозофија на Ниден.  Инспиративниот стил на Дуа беше главната причина  зошто ние избравме да работиме со неа и да ко-креираме повеќе колекции“.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...