Дубаи добива нова футуристичка кула

Во Дубаи панорамата постојано се надоградува дефинитивно поместувајќи ги границите на архитектурата преку новите објекти.

Најнов додаток на панорамата на Дубаи е Burj Jumeira, кула висока 550 метри која „изникнува“ од езерото во облик на прст на владетелот – шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактоум. Кулата треба да биде главен украс на централниот дел на дистриктот Jumeirah.

Овалната база на облакодерот, која претставува отисок на прст на шеикот, ќе биде опкружена со бутиви, фонтани и други детали. Новиот простор ќе биде центар на општествените, културните и уметничките активности.

Облакодерот се состои од две заоблени и меѓусебно поврзани градби, моделирани така да се прилагодат на топографијата на регионот, а дизајнирани со фасада која ќе биде прекриена со дигитален екран. На врвот на зградата ќе има ресторан на висина од 450 метри кој гарантира поглед на градот.

 

x

Check Also

Мили Боби Браун е нов амбасадор на брендот Pandora

Популарната марка за накит Pandora ги здружи силите со ѕвездата од серијата ...