Дури и ангелите на Викторија сикрет се изложени на стресен кастинг за ревијата

И суперѕвездите како Алесандра Амбросио и Адриана Лима мораат да поминат низ стресен кастинг за да учествуваат на големата модна ревија на овој бренд која традиционално се одржува секоја година во ноември.

angeli 2

Креативната директорка на шоуто  на Викторија сикрет во интервјуто за британскиот Вог открива дека и докажанитe ангели на оваа марка, заедно со останатите девојки кои ќе учествуваат на ревијаат, мораат да го поминат кастинг-процесот.

На кастингот се проверува дали девојките се во топ форма.

„Конечната одлука за избор на девојките кои ќе учествуваат на шоуто ја носи цел тим. Сите кандидатки се изложени да се движат на писта под ужасно силно осветлување, а кога се мисли на сите кандидатки се мисли и на ангелите за кои важи истиот кастинг како и за девојките кои немаат статус на ангели. Кастингот е многу стресен. Девојките мораат да бидат во страшна, речиси олимпијска форма. Мораат да бидат подготвени за големата ревија и да знаат да го дадат најдоброто од себе“, вели уметничката директорка Софија Апостолу.

Спектакуларната ревија на Викторија сикрет ќе се одржи на 13 ноември во Њујорк.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...