Душиковиот оксид како алтернативен лек во борба против коронавирусот

Душиковиот оксид се тестира како возможен лек против коронавирусот. Овој оксид во минатото помогнал за многу цели, на пример, испитувањата покажале дека помага во опуштањето на крвните жили, но од душиковиот оксид се роди и сината таблетка наречена Вијагра.

Во 1992 година, стручното списание Сајанс го нарече душиковиот оксид „молекул на годината“, а корисен е како „сигнална молекула во кардиоваскуларниот состав“.

Но се чини дека тоа не е се. Душиковиот оксид, безбоен плин без миризба кој се вдишува преку маска, сега се тестира како експериментален лек за Ковид-19.

Исто така би можел да се покаже корисен и во заштитата на медициснките работници кои се во првите редови во борбата против коронавирусот. Во повеќе болници низ САД. Шведска и Австрија веќе се прават клинички испитувања за да се види како делува на пациентите со благи до умерени симптоми на Ковид-19.

-Во Италија овој плин се користи во потешки околности и изгледа дека драматично го зголеми нивото на кислород во крвта кај заболените од Ковид-19, вели доктор Лоренцо Бера од болницата во Масачутес каде го води новото испитување. – Сепак, ќе бидат потребни ригорозни тестирања за да се докаже колку и како делува, додава докторот.

x

Check Also

Од ова природно средство крлежите нема веќе да домуваат кај вашиот домашен миленик

Крлежите и болвите се неповикани и непријатни гости на вашиот домашен миленик. ...