Душица Петит

Душица Петит ќе ја претстави колекцијата „Француска елеганција“ со модна ревија и поп-ап продавница

Македонската модна дизајнерка што живее и работи во Париз, Душица Петит, со ревија во рамки на Моден викенд Скопје ќе ја промовира својата нова колекција на 24 октомври (вторник), со почеток во 21 часот, во хотел „Мериот“. Наредните два дена креациите ќе бидат изложени и во специјализирана поп-ап продавница во центарот на Скопје.

Колекција Француска Елеганција

Креаторката, која дипломирала на одделот за висока модна на Esmod во Париз, каде што и го развива својот бренд „Shaleva Couture“, пред македонската публика ќе ја претстави новата линија „Француска елеганција“.

-Колекцијата „Француска елеганција“ е составена од 10 женски свечени тоалети и една машка креација. Доминира црната боја со златни детали, и е наменета за елегантни девојки. За оваа колекција се инспирирав од барок стилот, но и од француските модни куќи како „Балман“, „Диор“ и „Сен Лоран“. Француска елеганција според мене е мода која што прикажува свечени тоалети и која што е препознатлива по „la petite robe noire“ (малиот црн фустан). Македонките ги гледам облечени во француска елеганција, зашто голем дел од нив обожаваат свечени тоалети и креации кои што би можеле да ги носат на коктел забави, на гала- настани или на вечера во ресторан – вели Душица Петит.

Веднаш по ревијата во хотелот „Мериот “ ќе се одржи мини коктел поддржан од Royal Winery Queen Maria – Demir Kapija, на кој гостите ќе можат одблиску да ги видат креациите и да се дружат со дизајнерката.

Колекцијата и работата на креаторката македонската публика ќе има можност да ја види и на 25 и 26 октомври во шоурум/поп-ап продавницата што ќе се одржи близу Плоштад Македонија, на ул. Никола Вапцаров бр.8/1-2 (https://goo.gl/maps/tDMSBuFpuT72). Покрај моделите од „Француска елеганција“ изложени ќе бидат и капсулна колекција на уникатни брошеви и дел од креациите од нејзините минати колекции.

За дизајнерката:

Душица Петит во 2016 година дипломирала на Есмод во Париз, Франција. Брзо добива статус на еден од најнадежните млади креатори. Со првата колекција Winter Flowering е прогласена за „Извонреден победник“ на International Young Designer Competition во Пекинг, Кина, а со истата колекција учествува и на модна ревија во Будимпешта, Унгарија во организација на магазинот Marie Claire. Има исксутво со работа во Maison Le Mariè, на подготовка на колекција на висока мода на „Шанел“. Во Париз го развива својот бренд Shaleva Couture, а нејзини креации се појавиле во познатите модни списанија Elle, L’Officiel, Marie Claire, Elegant. Во март годинава беше избрана за финалист на меѓународен натпревар на Fashion Scout London со мини колекцијата „Алиса во земјата на чудата“, со која се претстави на Белградската модна недела, на Моден викенд Скопје и на модно шоу на Elle.

…..

Информација за фотографија „Француска елеганција“:

Креација од колекцијата „Француска елеганција“/ Дизајн: Душица Петит (Shaleva Couture)/ Фото: Sébastien Tabarin / Модел: Alix Grudler/ Шминка и фризура: Isabelle Reda

Повеќе информации за поп-ап продавницата на

https://www.facebook.com/events/1528541073851275

 

x

Check Also

Стартува есенската WOW распродажба со попусти до 80% во Веро центар

Почнува најголемата есенска распродажба во продавниците во Веро центар во Скопје со ...