Два аплауза – Еден за храбриот избор на Мишел Обама, вториот за „Баленсиага“ чизмите

Уште на почетокот од турнејата на промоцијата на нејзината автобиографска книга насловена Becoming, поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, привлече големо внимание.

На промоцијата беше во друштво на љубителката на чевли – Сара Џесика Паркер, носејќи уникатен модел на глитер чизми.

Златните металик чизми со висина над колениците, тесни и секси, со високи потпетици, се од марката Баленсиага и достапни се во продажба по цена од 4 илјади долари.

Всушност, настанот заслужи два аплауза – еден за Мишел и вториот за нејзините чизми.

И што е најважно, Обама не ги облече овие чизми со мирна, црна комбинација, туку напротив – за нив одбра „партнер“ во сјаен жолт фустан со драматичен шлиц.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...