Два чаја кои секоја жена треба да ги има во домот

Шипинката и невенот се познати по тоа дека се природен лек за многу здравствени проблеми.

Шипинката е во широка употреба во алтернативната медицина, а може да се нарече и суперхрана во светот на нутриционизмот поради високата содржина на железо и витамини.
Шипинката е особено добра како природен лек за ревматоиден артритис. Со редовното консумирање шипинка, се зголемува подвижноста за 20 до 25 отсто. Притоа, шипинката ја ублажува и болката.

Невенот содржи состојки кои имаат противвоспалително, антисептично дејство, ги ублажуваат грчевите, дејствуваат на запирањето на крвавењето, го забрзуваат заздравувањето на раните, го зајакнуваат имунитетот.

Екстрактот од цветот од невен покажува и антитуморна активност. Во народната медицина се користи во терапијата на чир на желудникот и на дванаестпалачното црево, кај нарушувањата на менструалниот циклус и болните менструации, кај хемороидите, проширените вени, егземите и воспалителните процеси на кожата.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Следува значителна промена на времето, внимавајте на недостатокот на енергија!

Во последните десетина години сме сведоци на нагли промени на времето. Сезоните ...