Американската убавица Грејс Елизабет на почетокот на годината стана лице на козметичката компанија Estée Lauder, а сега се појавува во две рекламни кампањи за брендот, рекламирајќи два нови производи.
Прво, Елизабет ја рекламира новата линија на крем-кармини насловена ‘Pure Color Desire Rouge Excess’. Моделот исто така се појавува во рекламната кампања и видео спотот за новиот женски парфем на Estée Lauder, ‘Beautiful Belle’. Кампањата има празнична нота, подготвувајќи не за шопинг за новогодишните и божиќните прослави.