Два превкусни рецепта со диња и пршут

Во топлите денови освежете се со неодоливиот италијански специјалитет пршут и диња. Ова лесно јадење се подготвува брзо, не содржи многу калории и идеално е за закуска на плажа.

Салата со пршут и диња

Потребни намирници – половина диња, 50 грама пршут (пресечен на тенки листови), 125 грама моцарела, оцет балзамико,  маслиново масло, сол и ливчиња нане.

Рецептот е наменет за две лица.

Подготовка

На пресечената половина диња отстранете ги семките. Потоа со лажица зивадете го месниот дел од дињата, правејќи мали полукружни парченца.

Пресечете ја моцарелата на мали парчиња, а пршутот исто така пресечете го на помали „листови“.

Сервирајте ги парчињата диња, моцарела и пршут во една чинија, помешани. Додадете неколку ливчиња нане, наросете ја салатата со маслиново масло, оцет балзамико, малку сол по желба.

Послужете веднаш или оставете ги во фрижидер додека не послужите.

 

Пакетчиња пршут и диња

Потребни намирници – 2 парчиња млад лук (односно 12 зелени листови од младиот лук), 1 мала диња, 240 грама моцарела (две ќесички моцарела по 120 грама), 12 парчиња пршут (пресечени на тенки листови), малку маслиново масло, малку сол.

Рецептот се подготвува за 10-на минути, а наменет е за 4 лица.

Подготовка

Натопете ги во врела зовриена вода неколку секунди зелените листови од лукот, потоа извадете ги и ставете ги под млад студена вода, па оставете да се исушат.

Пресечете ја дињата на половина, отстранете ги семките и кората, па пресечете ја на 12 парчиња (кришки). Пресечете ја моцарелата исто така на 12 парчиња со дебелина од околу 1 сантиметар.

Потоа, свиткајте го секое парче моцарела така за лесно да ги „прегрне“ парчето диња и парчето пршут, па заврзете ги „пакетчињата“ секое со по еден лист од младиот лук. Сервирајте ги и на крајот наросете малку маслиново масло и сол по вкус.

x

Check Also

Супер десерт наместо сладолед: Замрзнат јогурт

Овој вкусен и лесен десерт се подготвува брзо и едноставно. Се што ...