гучи чантата, модел Gucci Dionysus

Две чанти кои станаа бестселери поради Меган Маркл

Во последниве месеци, стилот на Меган Маркл е постојано под лупа на модните критичари, кои до сега, не и забележаа речиси за ниеден недостаток или промашување. Модните парчиња пак, кои ги носи Маркл, многу брзо стануваат хит со силни продажби низ светот.

Така, две чантички кои ги носеше принцезата во текот на оваа година станаа бестселери до кои едвај се доаѓа, поради долгите листи на чекање.

Број еден на листата на фаворити е Гучи чантата која Маркл ја носеше минатиот месец. Продажбата на оваа чанта од тогаш до денес е порасната за неверојатни 214 отсто. Гучи чантата од моделот Gucci Dionysus Маркл ја носеше неколку пати, со мал црн фустан, но и со кежуал модни комбинации.

суперпопуларната чанта со златно синџирче од Малбери

Втората суперпопуларна чанта, секако благодарение на маркетингот на Меган Маркл, е модел од марката Mulberry. Препознатлива е по елегантното, златно синџирче. Овој класичен британски бренд веќе низа години е фаворит и на Кејт Мидлтон, па затоа не не чуди што и Маркл често ја гледаме со Малбери чанта.

x

Check Also

Еве ја темата и специјалните гости на Мет Гала 2020

Темата одбрана од Costume Institute за 2020 година за значајниот моден настан Мет ...