Две недели пред плажа: 5 совети за рамен стомак

 

Потребни ви се 14 дена за да се вратите во добра форма и да го „соберете“ стомакот.

Еве ги „златните“ правила.

telo 3

Заборавете на солта

Солта ја задржува водата во телото. Избегнувајте колку можете повеќе солена храна , храна богата со натриум и сите видови на газирани пијалаци вклучувајќи ја и минералната вода. Ако две недели се придржувате до ова првило, ќе забежите како стомакот едноставно „спласнува“.

Заборавете на јагленохидратите

Ако сакате да загубите некој килограм во овој период, цврсто речете „не“ на сите јагленохидрати, особено на лебот и тестенините зашто токму тие се виновници за „појасот“ околу струкот. Насочете се на храна која е богата со протеини.

telo 2

Што помалку млеко

Млекото прави надуеност на стомакот, па доколку пиете до половина литар млеко дневно, смалете го на најмногу една чаша. Наместо млеко, добредојдена е чаша јогурт или мало парче моцарела (несолено сирење).

Намалете ги лутите зачини

Иако е познато дека лутите зачини го забрзуваат метаболизмот, а со тоа и придонесуваат за побрзо губење на килограмите, не заборавајте дека претерувањето го прави спротивниот ефект. Многу зачинетата храна предизвикува зголемено излачување на киселини во желудникот, а таквата иритација никако не може да ви помогне во губењето на масните наслаги.

telo 4

Намалете го кафето, откажете се од шеќерот

Кафето, алкохолот и шеќерот не смејат да бидат дел од вашата исхрана во текот на оваа двенеделна диета. Овие три намирници се најдобри пријатели на брзото наталожување на масни наслаги.

x

Check Also

Три најчести фитнес грешки поради кои се откажуваме од тренинг и слабеење

Овие три грешки прават најголем проблем во постигнувањето на целите – цврсто ...