Џастин Бибер го возвраќа ударот: Не сум фотошопиран!

По објавувањето на фотографии од кампањата на Келвин Клајн, кои наводно се пред фотошопирањето, тимот на Џастин Бибер веднаш реагираше и објави официјален демант дека тоа не е точно.

justin-bieber-ck-photoshop

Имено, тие тврдат дека „не-фотошопираните“ фотографии се всушност фотошопирани и со нив се прикажува Џастин во лошо светло.

Затоа тие најавија дека доколку магазинот Брит Хеви (Breath heavy) не се извини за ова, тие ќе ја бараат правдата преку суд.

Веднаш по ова, на Инстаграм страницата на Келвин Клајн се појави фотографијата подолу, со коментар „Can’r touch this!”, со двојно значење – „Ова неможе да го пипнеш“, но и „Ова неможеш да го ретушираш (фотошопираш)“.

jb-ck-instagram

„Can’t touch this!” Објавено на инстаграм профилот на Calvin Klein.

 

 

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...