Џастин Бибер им донесе на „Келвин Клајн“ 3.6 милиони фанови на социјалните мрежи

Не е возможно сите овие 3.6 милиони следбеници да го мразат Бибер.

Фотошопиран или не, Џастин Бибер во кампањата на Келвин Клајн секако доби огромно внимание. А најголемиот бенефит го има Келвин Клајн.

Од „Келвин Клајн“ потврдија дека од појавувањето на Бибер во капањата, на 6-ти јануари, марката добила над 3.6 милиони фанови на социјалните медиуми. За само 48 часа од лансирањето на кампањата #mycalvins марката собрала нови 1.6 милиони следбеници на Твитер односно пет пати повеќе од бројот кој го генерираше списанието Paper, поточно #breaktheinternet со насловната страница на која позира разголената Ким Кардашијан.

Значи, го сакале или не, Бибер со неговите надуени мускули, точно го постигна тоа за што беше ангажиран.

 

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...