Џејмс Марсден е главно лице во новата кампања на Hugo Boss за есен 2017

Глумецот Џејмс Марсден е главното лице во есенската кампања на луксузната модна марка Hugo Boss. Кампањата го носи насловот  Own Your Journey.

Згодниот глумец совршено одговори на предизвикот појавувајќи се на серија фотографии во костуми и во совршени морнарски комбинации. Мардсен одлично се снаоѓа во улогата на манекен, што не е ни чудо земајќи предвид дека со години работеше како модел за успешните модни куќи, меѓу кои и за Версаче.

Од новата колекција на Hugo Boss особено ни се допаѓа црвената сурферска јакна и тегет костумот со риги.

x

Check Also

Тренд на неделата: „Matching“ костими за капење за ќерки и мајки од Women’secret

Иста како мама, тоа е сонот речиси на секое девојче, особено кога ...