Џенифер Лопез доминантна на црвениот ќилим на МТВ Видео музичките награди

Танчерското тело на Џенифер Лопез нагласено со прекрасната сребрена креација на либанскиот дизајнер Чарбел Зое ги собра сите погледи на црвениот ќилим на доделувањето на МТВ видео музичките награди.

m1

Ким Кардашијан се појави во етно креација со потпис на Балман, со деколте кое едвај ги покрива градите.

kim

Модна карикатура на вечерта беше старлетата Амбер Роуз која изгледаше како штотуку да пристигнала од карневалот во Рио, а обично разголената Мајли Сајрус покажа дека знае (понекогаш) и да се упристои, барем што се однесуваше до изборот на гардеробата (гестикулациите и глупирањата не се за коментирање).

Амбер Роуз

Амбер Роуз

Мајли Сајрус

Мајли Сајрус

 

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...