Џенифер Лоренс го отвори срцето: Хакерскиот скандал е сексуален напад!

„Сакав да напишам извинување, но не знаев кому да се извинам. Немав што да кажам“, вели оскаровката Џенифер Лоренс во интервјуто за списанието Венити фер.

 

Оскаровката Џенифер Лоренс, една од десеттината глумици, модели и славни личности чии интимни фотографии завршија на Интернет, за првпат проговори за овој хакерски скандал објаснувајќи дека тоа е злочин и сексуален напад. Славната глумица го отвори срцето за списанието Венити фер.

Во интервјуто, 24-годишната глумица понатаму вели дека се исплашила и загрижила какво влијание на понатамошната нејзина кариера ќе имаат разголените приватни фотографии кои минатиот месец се појавија на Интернет.

„Тоа е мое тело и моја работа е кому ќе дозволам да го гледа моето тело. Кога некој ќе ги спомне фотографиите, се срамам. Дури и моите најблиски пријатели рекоа „ах, да, те видовме!“, вака Лоренс ја објаснува агонијата низ која минува.

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...