Џесика Честејн е нов амбасадор на луксузната марка „Пијаже“

Не помина многу од наградата за најдобра драмска актерка на Златен Глобус, а Џесика Честејн е веќе пред нов предизвик.

Швајцарската марка за часовници и накит Пијаже ја назначи Џесика Честејн за нов интернационален амбасадор на брендот Пијаже. Честејн не е само глумица со голем талент туку таа е и вистински фан на оваа марка. Со накит на Пијаже во изминативе години таа се појави на црвените ќилими на неколку значајни настани и филмски премиери.

„Неверојатна чест е да се биде во партнерство со Пијаже. Тие веруваат во иновации и храбри се во нивните креации на накит кој е модерен, но подеднакво ја почитуваат богатата традиција на компанијата. Нивното внимание на детаљите не може да се споредува со никој друг, а нивните убави колекции го одразуваат мотото на компанијата  „Секогаш биди подобар отколку што е потребно“, вели глумицата за луксузен бренд.

x

Check Also

Направете сами боси сандали

Инспирирани од индијската традиција, босите сандали влегоа во западниот свет и станаа ...