Фиренца

Џетсетерска Велигденска тура која долго ќе ја паметите

Зошто слободните денови од празниците да не ги поминете во едно возбудливо патување? И тоа не било каде, туку да ги посетите градовите кои никого не оставиле рамнодушни и во кои секогаш одново и одново ќе посакате да се вратите.

 

Милано

Милано

Седумдневната тура која ја нуди туристичката агенција Орфеј ве води од Бергамо и Милано, преку Сен Тропе, Кан, Ница, Монте Карло, Сан Ремо, Џенова, Чинкве Тере, Портофино, Пиза, Фиренца до Рим. Да, добро прочитавте, накусо ве води во едни од најубавите градови во светот. Ах, Монако! Ах, Портофино, Портофино…

Портофино

Портофино

Поаѓањето е закажано за 20 април со лет од Скопје до Бергамо. Вториот ден е предвиден за прошетка на клучните места во еден од најмодните градови во светот, претпоставувате веќе, Милано. По преноќувањето се заминува на Азурната обала, во гламурозниот Ст. Тропе каде секоја година се вкотвени јахтите на светскиот џет-сет. Потоа следува Кан, градот кој секоја година го слави филмот со славниот Кански фестивал, град надалеку прочуен и по својата Кроасета.

Монте Карло

Монте Карло

Третиот ден е предвиден за Ница и Монако. По ноќевањето, следува посета на градот домаќин на најпопуларниот музички фестивал во Европа, Сан Ремо, оттаму – Џенова, Портофино и Чинкве Тере, предели кои едноставно мора да се доживеат преку очите ( и душата) барем еднаш во животот.

Чинкве Тере

Чинкве Тере

Останатите денови се предвидени за посета на најубавите градови во Италија, и да, имаме време и за шопинг! А кој може да одолее на најголемиот Аутлет шопинг центар каде прочуените модни марки можат да се купат со попуст од дури 70 отсто! Ако се надевате дека оттука ќе излезете со „празни раце“ (во што искрено, не веруваме!), добро…,сочувајте си нешто во паричникот за фантастичниот Рим каде, попатно да споменеме, во тек се големите попусти. Сувенирче од Ватикан? Може и тоа. Римските вечери се полни со романтичност, па ако случајно не ви е до шопинг, можете да седнете во некој од симпатичните ресторани, зашто да не, на едно добро римско карпачо и чаша спуманте. Правилото за Рим веќе го знаете, нели? Во Рим правете тоа што го прават римјаните. Така и ќе правиме!

 

Рим

Рим

Од Рим, патувањето не води, назад кон Скопје, повторно со авион. Веќе полни со впечатоци, можеби ќе го преспиете кусиот, воопшто ненапорен лет, сонувајќи ги сите оние слики кои ќе ги понесете со себе. Не, не мислевме само на оние сочувани во „паметните“ телефони и фотоапаратите, туку во главата, во мислите, во срцето.

И зарем сеуште срцето не почнало забрзано да ви чука од самата помисла на вакво патување, хмм…Нам, да. Но не гледаме ништо страшно во тоа да се биде вљубен, напротив.

Ј.К

Цената на аранжанот изнесува 599 евра односно 37.140 денари.

 

x

Check Also

Пет најубави базени со прекрасен панорамски поглед

Луксузните хотели се обидуваат на секаков начин да им удоволат на своите ...