Џиџи Хадид носи рокенрол вибрации за есенската кампања на Томи Хилфигер

Супермоделот Џиџи Хадид повторно се здружи со модниот дизајнер Томи Хилфигер за третата по ред колекција насловена TommyxGigi.  Есенската колекција ќе биде во продажба од 19-ти септември, веднаш по ревијата која ќе се одржи на лондонската модна недела.

Според првичните фотографии од кампањата, Џиџи носи рокенрол вибрации за есен/зима 2017 презентирајќи ни ги новите модни парчиња – предимензионирани јакни, карирани кошули и фустани, како и долна облека во џиш црвена боја.

„Нашата есенска 2017 колекција е во знакот на рокенролот и бунтовниот дух“, објаснува креаторот Томи Хилфигер. „Џиџи и јас дизајниравме многу забавни модни парчиња. Отсекогаш сум ја сметал Џиџи за модна икона и со оваа трета капсулна колекција успеваме да ги поместиме границите меѓу модата и рокенролот“.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...