Џон Галијано го загуби судскиот спор со неговите поранешни работодавачи

Сега кога Џон Галијано е подготвен да дебитира како креативен директор на Мејсон Мартин Маргиела, место на кое ќе биде за само три месеци, речиси и се заборави дека тој сеуште е во судски спор со неговите поранешни  работодавачи од „Кристијан Диор“ и „Џон Галијано“ (марката).

jg2

Дизајнерот ги обвини двете модни куќи за незаконско прекинување на работниот договор, тврдејќи дека неговите работодавачи биле потполно свесни за борбата со алкохолот и таблетите која ја водел, а која се случила како последица на неговиот исцрпувачки распоред за работа.

„Не можам да дозволам тие 17 години кои ги поминав во Диор, уживајќи во работата, да бидат вака зацрнети”, објаснува Галијано. „Во текот на сите тие години, како креативен директор на оваа куќа, јас не сфаќав дека нејзиниот успех, мултиплицирањето на продажбата за четити пати повеќе, доведе до деструктивна и прекомерна цена која ја платив: моето физичко и ментално здравје. Секогаш повеќе работа, секогаш повеќе обврски, секогаш повеќе притисок, тоа беше опасна и патолошка спирала, без контрола “.

Галијано понатаму тврдеше дека и двете модни куќи треба да имаат одговорност за своите дизајнери, и дека треба да бидат свесни дека можат повторно да се соочат со сличен случај како неговиот, сметајќи дека стресот на работното место може да предизвика секому да се сврти кон дрога и алкохол. Но, од „Диор“ и „Галијано“ пак, сметаат дека многу луѓе работат стресни работи, па не се препуштаат на алкохол и дроги.

Галијано бараше 2,4 милиони до 13.000.000 милиони долари оштета. Сега откако судот ги отрфли неговите обвинувања, Галијано ќе треба да плати симболична сума од 1 евро на двете модни куќи.

x

Check Also

Новиот изглед на Меган Маркл, таа ги остави високите потпетици!

Меган Маркл и принцот Хари се „разведоа“ од кралското семејство. што е ...