Џорџ Клуни блиску до развод, можна причина Сандра Булок

И покрај тоа што се во брак само неколку месеци, таблоидите веќе на големо овие  денови известуваат дека Џорџ Клуни и Амал Аламудин се блиску до развод.

Причина - Сандра Булок?

Причина – Сандра Булок?

Според најновите известувања (или озборувања) адвокатката покажувала отворено нетрпение кон пријателите на Клуни – како Чанинг Татум и Џона Хил, а уште повеќе нетрпение кон пријателките на Клуни. Според гласините, Аламудин инсистирала на прекинување на секаков контакт со старите пријатели, особено со пријателките Сандра Булок и Анџелина Џоли.

После бајковитата свадба во Венеција, минатиот септември, наводно започнале недоразбирањата меѓу Клуни и Аламудин, а славниот глумец не можел повеќе да ги издржи барањата на неговата нова сопруга.

Според списанието „Лајф енд сталј“, Амал не му дозволувала на Клуни да се дружи со пријателките без нејзино присуство, дури ни со Синди Крафорд и Анџелина Џоли кои се мажени.

Списанието „Стар магазин“  дополнува дека Крафорд и Џоли не се единствените пријателки на Клуни со кои Амал има проблем, односно кои не сака да ги гледа во близина на нејзиниот сопруг, сметајќи дека дружењата со нив е напразно трошење на време. „Амал е многу образована и навикната да го минува своето време со судии, доктори, научници и писатели. А дружењата со луѓе од типот на Чанинг Татум и Џона Хил, двајцата добри пријатели на Клуни, не е нејзин стил“.

Оставајќи ги настрана смешните тврдења дека Амал имала проблем да го минува времето со Чанинг Татум, „Наути госип“ пак известува дека можеби некои од сомневањата на Аламудин се оправдани, особено кон пријателката Сандра Булок.

„Сандра навистина го сака Џорџ. Сите нејзини пријателки знаат дека таа беше единствената за него, но од некои причини никогаш не се случи сериозна врска. После неколку чашки алкохол, таа не престанува да зборува за него, но сега откако тој е женет таа покажува голема почит да се се меша во тоа.“

Којзнае…можеби и Џона Хил е таен љубовник на Клуни, исто така. Се подбива списанието „Класикалајт“.

 

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (10. до 16. август): Нови можности за Лавовите, незаборавни денови за Раковите, среќни средби за Девиците

Оваа недела планетата Меркур ќе заблеска во знакот на Лав, подготвена да ...