Џузепе Торнаторе и Енио Мориконе за „Долче“: реклама која ќе ви ги разбуди сите сетила

После повеќе години Долче и Габана ја продолжија соработката со италијанскиот режисер, оскаровецот Џузепе Торнаторе. А кога Торнаторе вмеша прсти во новата кампања за парфемот „Долче“ се создаде реклама за Оскар.

d2

Преку кус филм Џузепе Торнаторе ни претстави емотивната љубовна приказна во која сепак, главната улога припадна на еден парфем создаден од лимоновото дрво од 18-от век. Всушност, парфем создаден од чиста супстанца на љубов.

Претпоставувате? Станува збор за новиот парфем на Д&Г наречен „Долче“ кој, благодарение на умешноста на Торнаторе, веќе не освои со миризбата и преку екранот.

Дијалогот е на сицилијански, проследен со прекрасната музика на Енио Мориконе, која не води низ приказната, ги буди сетилата, ја разгалува душата.

И веќе мирисаме на…Љубов!

М.Б.

x

Check Also

Совети за совршена шминка според формата на очите

Не постои универзален начин на шминкање, особено кога станува збор за очи. ...