Ѕвездата CYBEX пристигна во продавниците на „Крш“

Вчера во продавницата „Крш“ во Скопје Сити мол беше промовирана количката за бебиња CYBEX дизајнирана од Џереми Скот.

Џереми Скот

Џереми Скот

CYBEX од Џереми Скот брзо го освои вниманието на светските ѕвезди, на новинарите и модните блогери, а за неа пишуваше и францускиот „Вог“.

Излогот на „Крш“ декориран во чест на ѕвездата

Излогот на „Крш“ декориран во чест на ѕвездата

cybex 3

Капсулната колекција CYBEX од Џереми Скот, составена од 300 примероци, е лансирана во неколку европски метрополи и секаде е дочекана како вистинска ѕвезда– во Париз во познатата „Galeries Lafayette“, во белгиската луксузна продавница „Jule and Juliette“, во Варшава во најпопуларната модна продавница „MYSIA“, а кај нас е поставена во продавницата „Крш“ во Сити Мол Скопје (2 кат).

cybex 5 (2)

 

Количката е достапна во продажба и чини 85.990 денари.

x

Check Also

Над 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базени

Зимско национално првенство во мали базени се одржа во Спортскиот Центар Борис Трајковски во ...