E-banking како ново нормално при користење на банкарските услуги

Во последниве две години, како последица од глобалната пандемија, научивме како паметно да раководиме со своето време. Минутите ги вреднуваме повеќе од кога било и истите гледаме да ги поминеме на начин кој нѐ исполнува и влијае позитивно на нашата благосостојба. Покрај квалитетно време со блиските или уживање во добра книга/филм, евидентно е дека луѓето го вложуваат своето време во квалитетни активности и се ослободуваат од претходни навики кои гледано од оваа перспектива, значеле потрошено време. Тука се вбројуваат навиките како чекање ред за вршење административни обврски, плаќања во банки, плаќање сметки, турканици во продавници и трговски центри. Сето тоа денес се избегнува со електронско користење на банкарските и административните услуги, како и целосно искористување на предностите од онлајн купувањето.

Ова „ново нормално” во банкарскиот свет, по сè изгледа дека станува реалност и секојдневна алатка за многу корисници. Додека се прилагодуваме на таквите промени и сè повеќе електронски управуваме со своите парични средства, користејќи ги најразличните дигитални платформи, банките треба да бидат во чекор со трендовите и барањата на потрошувачите со тоа што ќе понудат технологии кои го олеснуваат целосното искуство на електронско банкарство, истовремено штитејќи ги личните податоци согласно законите и едуцирајќи ги  клиентите за поволностите од оваа услуга.

Халкбанк АД Скопје важи за банка на луѓето. Тоа подразбира дека е секогаш во чекор со новитетите, потребите на луѓето, настојува да обезбеди високо квалитетни услуги, а како лидер во дигитализација на услугите, нуди поволности и во оваа сфера.

Е-банкарството на Халкбанк дозволува вршење трансакции од било каде и во било кое време, проверка на состојбата на сметките, кредитни картички, депозити, кредити, добивање изводи од сметки, вршење секакви типови на плаќања и креирање шаблони за плаќањата кои најчесто се извршуваат, времено блокирање на дебитна или кредитна картичка, промена на лимити на кредитни и дебитни картички за плаќање на ПОС терминали, АТМ и E-commerce и друго. Генерално, електронското банкарство на Халкбанк овозможува исполнување на сите обврски кои инаку би ги направиле преку посета на филијала.

За да бидете во чекор со трендовите, сѐ што треба да направите и да станете дел од „електронското семејство” на Халк е да ја посетите најблиската филијала на банката и да аплицирате за електронско банкарство за физички лица, преку пополнување на формулар. Формуларот е достапен на следниот линк, каде можете да го преземете и истиот да го пополните, а потоа да го доставите лично во најблиската филијала. По аплицирањето и потпишување договор, на регистрираната е-мејл адреса ќе пристигне личен идентификациски број, кој заедно со уште еден податок (број на трансакциска сметка или псевдо број на дебитна или кредитна картичка) може да се користи за генерирање на корисничко име и лозинка.

За повеќе информации, посетете ја официјалната страна на Халкбанк.

x

Check Also

Фото/ЖЕНА СО СТИЛ

Стилот на жената се огледува во секојдневниот живот, при извршување на секојдневните ...