Е-КАПИТОЛИЈАДА – Еко маски за првоаприлски насмевки во Аеродром

Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирани на првоаприлското дефиле во Капитол мол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА.

На првоаприлското дефиле право на учество ќе имаат сите деца од општина Аеродром, и тоа ученици од 1-во до 9-то одделение, кои ќе изработат креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии.

Во Капитол мол во период од 25-ти до 31-ви март, на првиот кат, ќе биде изложена креатива, каде сите деца кои изработиле маска од електричен отпад ќе треба да се фотографираат. Фотографиjaта треба јавно да биде споделена на социјалните медиуми со соодветен хаштаг од #capitolmall, #нулаотпад, #oпштинааеродром и да се означи профилот на Капитол мол со цел комисијата да пристапи до сите објави. На 1-ви Април, 20 деца кои ќе соберат најмногу лајкови на сликата ќе бидат поканети на првоаприлското дефиле во Капитол. Маската треба да биде индивидуална, не групна.

НУЛА ОТПАД, за најдобрите три маски кои ќе бидат изгласани од жирото на Е-КАПИТОЛИЈАДА, ќе обезбеди три главни награди. Прва награда хуаборд, втора награда дрон, и трета награда паметен часовник. За останатите учесници на карневалското дефиле, Капитол мол подготвува дополнителни изненадувања.

Организаторите ги повикуваат сите да се приклучат на оваа ЕКО кампања и да бидат дел од првоаприлското дефиле на ЕКО маски во Капитол мол.

x

Check Also

Трифантино, убавини за најмалите и најмилите

Колку љубов е потребно за да се создадат овие убавини?! Кога срцето ...