Не е првпат креација на „Балмен“ да видиме како ја носат неколку ѕвезди, но Ким Кардашијан и Кендал Џенер овој фустан го облекоа во иста ноќ.
Плишаниот фустан на Балмен, Кардашијан го облече на ревијата на Балмен, само неколку часа пред да се појави Кендал во истиот фустан на хуманитарната забава организирана од Балмен.
Оттука и неколку прашања, дали станува збор за истиот фустан што едната на другата си го позајмиле, кому подобро стои, и како Канје Вест дозволил на сопругата да направи ваква модна грешка.