Еден многу шик трговски центар со резиденцијален дел: Капитол Мол и Резиденс

Лоциран во срцето на Скопје, во населбата Аеродром, Капитол Мол и Резиденс (Capitol Mall & Residence) се простира на вкупна изградена површина од 33.500 м2, а вкупната инвестиција изнесува 30 милиони евра.

Даниела Адемоска со ќеркичката Сара Адемоска

Даниела Адемоска со ќеркичката Сара Адемоска

„Од идеја на хартија, за само 18 месеци направивме објект со повеќе намени и разновидни содржини, комплекс кој што, убеден сум, ќе стане препознатлив, модерно и пријатно место не само за граѓаните на општина Аеродром, туку за сите што живеат во Скопје и Република Македонија. Нашиот Капитол Мол и Резиденс ќе го направи поубав и поквалитетен животот на градот во целина. Неговите содржини ќе му дадат нова димензија на пазарењето, а на сите генерации на граѓани, вклучувајќи ги и најмладите, ќе им овозможиме да уживаат во своето слободно време. Наједноставно кажано нашето мото Животот е поубав со нас, сакаме искрено да го споделиме и доживее секој кој барем еднаш ќе го мине прагот на трговскиот центар“, изјави Ајдован Адемоски, сопственик на Капитол Мол и Резиденс.

Чевли од колекцијата на Парис Хилтон

Чевли од колекцијата на Парис Хилтон

Трговскиот центар Капитол Мол и Резиденс  свечено се отвори в четврток  во 12 часот, со пригодна програма и сечење на лента. На свеченото отворање  присуствуваа претставници на државната власт, на локалната самоуправа, на дипломатскиот кор, на бизнис заедницата и медиумите.

slika 4

Нова колекција – Мадам

 

Лоциран во срцето на Скопје, во населбата Аеродром, Капитол Мол и Ресиденс се простира на вкупна изградена површина од 33.500 м2. Од нив, 12.500 м2 се наменети за шопинг центарот сместен на првите четири нивоа, а 6.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот – станбениот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2.

slika 1

Шопинг центарот е составен од 62 локала, со модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, ресторан и фаст фуд дел,  детски центар и места за забава за посетителите од сите возрасти.

slika 2

Инвестицијата за  Капитол Мол и Резиденс е 30 милиони евра, на инвеститорот Сити Плаза ДОО Скопје. Тоа е македонска инвестиција, поддржана од домашните банки. На изградбата на објектот беа вработени над 250  работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повеќето од земјава и неколку од странство. Со отворањето на Капитол Мол и Резиденс воедно, се отвораат и преку 500 нови работни места од повеќе индустрии.

x

Check Also

Мрзлив викенд е да си шопингуваш од дома преку апликација на -15%

Недела е прекрасен ден да си бидете дома, да си уживате сами, ...