Едиторијал за промоција на македонски дизајнери во странство

Познатата модна стилистка и блогерка Ребека Рој од Лондон направи стајлинг од креациите на 25 македонски модни дизајнери и дизајнери на модни додадоци, наменет за специјален каталог кој ќе ги промовира дизајнерите во странство.

Рој која во Скопје гостуваше на неодамна завршеното десетто издание на Моден викенд Скопје каде одржа работилница за млади фотографи и блогери, направи селекција од креациите на Лидија Георгиева, Mcouture by Mila Kadriu, Стефанија Насеска, VIBRAZIONI на Александра Митковска, Chic Undercowear на Бобан Илиевски, Олгица Ѓоргиева, Никола Ефтимов, Андриана Динева, Оливера Штакоска, Јована Филиповиќ, Ненад Секирарски, Росица Мршиќ, „Le Brand“, Ирина Тошева, Никола Петровски и „Squire“ на Јован Петровски. Креациите се потполнети со модни додатоци од „Drama“, „Emi Noris“, „Simovska Design“, „Daemonium by Magdalena Dimkovska“, Анита Несторовска, Билјана Клекачкоска, „Ilina Design“ и „Kapka Jewelry“.

Идејата на Ребека чие гостување го овозможи Британски совет во Македонија, беше да ја претстави македонската мода и македонската жена низ нејзината призма и импресии од нејзиниот престој во Македонија.

 

„Сакав да ја доловам таа тензија и топлина која се чуствува во воздухот и силата и моќта на македонската жена. Со тимовите за шминка и фризура  решивме за еден лежерно- бунтовен стајлинг. Едноставно и опуштено, но со цврст став. Се надевам дека успеавме да создадеме едиторијал кој е компетентен на глобално ниво.“, вели Ребека Рој.

Парчињата кои се презентирани се комбинација од парчиња од новите колекции на дизајнерите презентирани на последниот Моден Викенд Скопје и некои парчиња од постари колекции кои се сеуште актуелни.

Едиторијалот ќе биде „спакуван“ во печатен каталог, а неговата прва дестинација е „Pop-up store SKP“ во Берн, Швајцарија. Привремената продавница каде ќе се презентираат неколкумина македонски дизајнери на почетокот од декември е организирана од Тања Стоименовска, која живее и работи во Берн.  Фотографиите ги потпишува Жарко Чулиќ, за , за фризурата се погрижи „Бубе Студио ин“, шминкаше Симона Салтирова во соработка со Авон, а креациите ги носат моделите од модната агенција Подиум : Емилија Златковска, Марија Цветковска и Вања Трампевски.

x

Check Also

Поглед на новата спортска колекција од Guess

Моделката Натали Роузер позира во новата кампања на спортска облека Guess за ...