Една година без Лагерфелд, што се промени во Шанел?

Тешко ќе го заборавиме датумот 19 февруари 2019 година. Датум што одбележа историска пресвртница во светот на модата: смртта на Карл Лагерфелд. Дури и за „непрофесионалци“ во модниот свет, најпознатиот дизајнер во светот, е идентификација за имагинација, креативност и генијалност, а препознатлив по темните очила за сонце. По смртта на КАрл Лагерфелд многу работи се променија во Шанел.

Последната ревија што го носеше неговиот дизајнерски потпис се случи на 22 јануари 2019 година. До тогаш неколку пати дизајнерот ја именуваше Вирџини Вард, (која почна како дизајнер практикант во Шанел да работи во 1987 година и стана координатор во 1997 година за Haute Couture), како негов идеален наследник. За неа рече дека е не само негова десна рака, туку и лева. Сега таа е креативен директор на Шанел, по смртта на Лагерфелд. А таа е очигледно едноставна жена: со „лесна“ шминка и секогаш во црна облека, која наместо слава, отсекогаш работела од сенка.

Шанел е куќа на високата мода, веројатно најголемата и најважната во светот, и за да управувате со неа, треба пред сè големи технички вештини . И веќе една година по заминувањето на Лагерфелд, Вард покажа дека ги поседува таквите вештини. Иако не е бунтовничка како Хеди Слиман (креативен директор на Селин) или ѕвезда на социјалните мрежи како Вирџил Абло (Луј Витон). И иако ги нема новите генерации како главен соговорник. Таа донесе посебни знаци, кои ја разликуваат Шанел од другите.

x

Check Also

Ова е хит фустанче од ZARA, на Инстаграм е ѕвезда

Розовото фустанче од новата колекција на Zara стана хит на Инстаграм. И ...