Една поинаква, весела, пролетна колекција од New Yorker

Пријатно изненадување ни доаѓа од популарната германска модна марка New Yorker, која до сега, ни беше позната по интересните но главно еднобојни модели. Овојпат изненадувањето е во живите нијанси, меѓу кои доминираат жолтата, портокаловата и црвената, и шарените принтови.

 

Акценот во пролетната колекција е на плисираните здолништа, модните парчиња со „анимал“ принт, елегантните мантили и низбежните „бајкерски“ јакнички.

 

Наш фаворит е жолтиот елегантен костум од панталони и кошула кој со задоволство би го носеле и на работното место.

Проверете што ни носи Њујоркер во фотогалеријата.

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...