Една средба, многу приказни и едно големо срце за сите

„Се надевам дека се уште имате убави сеќавања, но морам да бидам задоволен од мојата мината забава. Многу впечатоци останаа од јубилејната забава на 5 април, пред се на одличната публика која направи одлична атмосфера за паметење. Така и сега на оваа забава во Скопје сите заедно ќе се дружиме до раните утрински часови“, вели Милорад Цаиќ – Цајо.

Еве што друго Цајо сака да ви каже:

Ме прашуваат во последно време младите од кога почна да се промовира оваа забава односно настан! Зошто порано биле подобри забавите од колку сега? Мојот одговор беше затоа што сме како една фамилија.

Скопје е град каде доминираше „EVERYDAY PARTY“,кој остана и беше различен со несекојдневен фил на торта од настани и забави.

Со тоа темпо продолжуваме и сега, да го вкусиме ноќниот живот на Скопје. Само за вас одлична забава што сите ќе не потсети на убавите денови од Скопје кога постоеше преубав ноќен живот! Заедно со ретро ди-џеи кои ќе ви ја вратат младоста.

Музиката и позитивната енергија ќе не направи да ја запаметиме претстојната ретро журка како едно семејство една фамилија која живее за своите заеднички моменти. Секогаш ретро забавите биле и ќе останат најдобри за забава на луѓето, да се чувствуваат опуштено да се дружат со своите генерации, да се навратат на убавите времиња од 70-тите 80-тите и 90-тите години од минатиот век кога се слушаа најдобрите светски хитови во скопските дискотеки.

И на оваа забава за музиката ќе се погрижат нашите познати ретро ди-џеи: Драган Б.Костиќ, Џенерал Вера Јанковиќ, ди-џеј Дела, ди-џеј Ерик Фоx.

Убавата музика и одличната забава со квалитетните ретро ди-џеи ќе не направат како една фамилија која живее за едно убаво време, а сето тоа ве очекува на забавата „WЕ АRE FAMILY“. Ретро филм забава за генерациите кои пораснаа, а никогаш не остареа. Забава која нема да ве остави рамнодушни, да направиме атмосфера која долго ќе се памети!

Затоа сите заедно да бидеме како една фамилија на оваа голема ретро забава „WЕ АRE FAMILY” на 23 ноември сабота вечер во А1 Арена Борис Трајковски (мала сала) со почеток од 21 часот.

Се надевам дека сите ќе бидете задоволни од нашата заедничка журка.

Верувајте се ќе биде исто, само годините остануваат.

Во продажба се пуштени само 1500 влезници

Резервациите и влезниците се пуштени во продажба во: Југотон ГТЦ, Цвеќара „Розе“ Веро 2 и он-лајн на www.kupikartizase.com.mk

Цената на влезниците е 300 ден.

Резервации за коњопој:

ВИП влезници: 4+2карти и шише виски=4.500ден.

ВИП влезници: 4+2карти и шише вотка=4.000ден.

ВИП влезници: 4+2карти и шише вино=3.000 ден.

Фан Пит. влезници 4+2карти и шише виски=4.000ден.

Фан Пит. влезници: 4+2карти и шише вотка=3.200ден.

Фан Пит. влезници: 4+2карти и шише вино=2.800ден.

Побрзајте и набавете си ги своите влезници бидејќи се во ограничен број.

x

Check Also

Јубилеен 10. Фестивал на младото вино во „Тиквеш“

Првото вино од годинешната берба наговестува добра винска година Винарската визба „Тиквеш“ ...