Една супер година со Superdry! В сабота суперзабава на Водно

Супер активација за еден супер роденден!

 

Британскиот бренд Superdry прославува една година во Македонија. За таа цел за сите љубители на брендот  од Superdry подготвија интересен настан за една поинаква роденденска прослава. Бидете и вие дел од супер активацијата оваа сабота, 28 септември со супер активности на Водно.

Фитнес тренерите од Kinetics Fitness Studio ќе се погрижат за најголемиот тренинг на отворен простор на врвот на Водно – Милениумскиот крст.

Ако сакате и вие да бидете дел од оваа супер активност подигнете го својот ваучер за учество во продавницата на Superdry во Скопје City mall на I кат и следете ја Superdry агендата:

– 09.00 – 09.30 часот пријавување на сите учесници и подигнување на стартен пакет на почетната станица пред ОУ Кочо Рацин.
– 09.30 – 10.30 часот искачување до средно Водно.
– 11.30 – 12.30 часот вежбање со Kinetics fitness studio на врв на Водно.
– 12.30 – 14.00 забава на врв на Водно.

Ве покануваме сите заедно да прославиме и супер да се активираме оваа сабота на Водно. Секогаш модерни и во фит форма со Superdry.

 

x

Check Also

Кендал Џенер е ѕвезда во кампањата Giambattista Valli x H&M

Лансирана е кампањата Giambattista Valli x H&M, а долго очекуваната колекција ќе ...