Едноделни костими за капење од H&M

Популарната модна марка H&M ги лансираше првите костими за капење за оваа сезона, кои се веќе достапни во продажба. Овојпат, „фрламе“ поглед на едноделните модели погодни за сите форми на тело и за сите вкусови.

Доминираат еднобојните костими за капење во различни нијанси – од класични црни до црвени и трендовско маслинесто-зелени. Сепак, не се исклучени и костимите со вертикални риги кои визуелно го истенчуваат телото, како и најпосакуваните за сезоната – точкастите костими за капење.

x

Check Also

Костими за капење од Calzedonia: Неонски нијанси, ефект на набори и копчиња како детали

Наборите, неонските нијанси, нов минимализам…тоа се трите главни модни адути во костимите ...