Шведскиот моден гигант H&M, во соработка со италијанската луксузна модна марка Moschino, реализираа колекција која во продавниците на H&M ќе биде од 8ми ноември.
Рекламната кампања за колекцијата H&M x Moschino, која многумина со нетрпение ја чекаат, е веќе лансирана, а новите модни парчиња во кампањата ги носат Џиџи Хадид, Виторија Черети, Стела Максвел, Иман Хамам, Су Ју Парк и Рајан ван Ромпеј.
Дел од модните парчиња од колекцијата се инспирирани од стилот на 90-те години, а дел, пак, од стилот на 1950-те години. Двата миска на ретро стилови прекрасно се соединуваат во модните изгледи кои ни ги предлагаат H&M x Moschino.
Јакни и панталони во златни тонови, кожени кратки црни јакни, кожени фустанчиња и мини фустанчиња со златни детаљи, чизми над колениците, предимензионирани округли обетки и мини чантички со логото на Moschino …
Погледнете ги првите најави.