Ефект на влажен изглед на косата – Како се прави?

Модерниот влажен изглед на косата може едноставно да го направите во три чекори.

Кендал Џенер со фризура со влажен изглед

Популарниот “Wet look” се почесто го гледаме на модните писти и црвените ќилими, но годинава и на градските улици особено навечер. Оваа фризура е идеална за лето, без разлика на должината на косата, а лесно се стилизира и одржува.

Како да го постигнете влажниот ефект на косата? Прво и најважно е косата да е свежо измиена со шампон и кондиционер, па откако ќе се исуши треба да нанесете со прстите кокосово масло (достапно е во продажба во поголемите аптеки). Потоа, со прстите „расчешлајте“ ја косата за да бидете сигурни дека секој прамен е намастен. Наместете ја фризурата како би сакале да изгледа финално. На крајот нанесете фиксатор или лак за коса по избор.

x

Check Also

Нов цветен парфем од Марк Џејкобс совршен за потоплите денови

Меган Роше, Каја Гербер и Адут Акеч позираат за новиот парфем на ...