ЕКО СКУТЕР – НОВ ИНСТАНТ ЛОЗ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЕКО СКУТЕР НОСИ 365 ПРЕМИИ ЗА ЗАБАВА, ЗДРАВ ЖИВОТ И ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Денес Државна лотарија го пласираше инстант лозот ЕКО СКУТЕР, со неверојатна понуда на 365 електрични скутери – тротинети.

Во дух на зачувување на животната средина и здравиот начин на живеење, Државна лотарија ја збогати својата понуда со инстант лоз кој носи 365 електрични тротинети. Колку што има денови во годината, толку има еко скутери на лозот ЕКО СКУТЕР. Буквално, очекуваме дека секој ден ќе имаме барем по еден добитник на електричен тротинет.

Со оглед на големиот број премии, веруваме дека многу скоро ќе ги добиеме и првите сопственици на еко скутери. Покрај електричните тротинети, инстант лозот ЕКО СКУТЕР нуди и примамливи парични добивки. Дознавањето на добивката е едноставно, изгребете три исти суми за парична добивка, или три симболи на електричен тротинет. Лозот чини 60 денари и наменет е за сите што го следат трендот и сакаат да го зачуваат своето здравје и чистата животна средина.

x

Check Also

Државна Лотарија го додели првиот МИНИ од инстант лозот МИНИ и МАКСИ

Најновиот инстант лоз на Државна лотарија на Македонија наречен МИНИ и МАКСИ ...