Ексклузивен Порше ѕиден часовник

Производителот на луксузни автомобили Порше ја прошири својата Драјверс колекција на ексклузивни предмети направени од делови на спортски автомобили.

p234

По фасцинантниот дизајн на работната столица направена од седиште на Порше 911 и полицата направена од спојлер на моделот 911 ГТ3, Драјверс колекцијата се дополнува со ексклузивен ѕиден часовник направен од тркало.

Часовникот произведен во Германија е достапен во продажба и на официјалната интернет страница на компанијата.

За задоволството да биде поголемо, а ремек-делото поавтентично, часовникот се закачува на ѕид со помош на затворач за вентил на Порше автомобили, а благодарение на челичната конструкција часовникот стои цврсто на ѕидот иако тежи осум килограми.

 

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...