Ексклузивна лимитирана линија на чанти: Соња Бата

За сите љубители на безвремената елеганција италијанскиот бренд BATA , овој месец нуди лимитирана линија на чанти, дизајнирани од страна на Соња Бата, сопруга на основачот на компанијата  – Томас Бата.

mango 3Чантите имаат класична линија која никогаш не излегува од мода, направени се од чиста кожа и доаѓаат во две бои – црна и бордо, а во ограничени количини може да се најдат во продавниците на BATA во Рамстор и Скопје Сити мол (Skopje City Mall).

За дизајнот на чантата Соња порачува: „Можноста да патувам низ светот и да се сретнам со различни култури ме научи дека луѓето сè повеќе бараат квалитет во секој аспект од животот. Затоа, мораме да се фокусираме на квалитетот, а не на квантитетот на нештата кои ги поседуваме. Мораме да го споиме индустриското и дизајнерското наследство со свежи идеи инспирации. Нештата кои во себе имаат убавина и квалитет се безвременски и ги збогатуваат нашите животи.”

mango 2

Соња не само што била животен и деловен партнер во текот на животот на Томас, туку го создава и познатиот Музеј на чевли во Торонто, Канада каде таа сеуште живее. Нејзината животна мисија е истражувањето на влијанието кое обувките го имаат во различни општества и култури низ светот.

x

Check Also

Еве каде да си купите трендовско точкасто фустанче

Уште пред неколку сезони дизајнерите го најавија големото враќање на точкастите фустани, ...