Ексклузивната колекција на H&M достапна во продажба од 11ти април (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Колекцијата H&M Conscious Exclusive 2019 го форсира еко-френдли стилот. 

Долгоочекуваната премиум колекцијата на H&M ќе биде достапна во продажба на 11-ти април 2019.

Главни лица во кампањата се трите модели – Иман Хамам, Уми Џеме и Алана Арингтон. Триото позира во цветна градина, носејќи разиграни модели – шик фустани за дневни и вечерни прилики, кошули и плетени блузи. Колекцијата е направена од органски памук, рециклирана пластика и органска свила. Од модните додатоци вистински ѕвезди се каубојските чизмички со анимал принт. „Фрлете“ поглед на неодоливата пролетна H&M Conscious Exclusive.

x

Check Also

Папаз во Сараево пречекан со голем аплауз за модната ревија од лимитираната колекција Три

Македонскиот моден дизајнер Папаз предизвика големо внимание во Сараево со неговата луксузна ...