Ексцентрична кампања на Гучи за есен/зима 2018 (ФОТО)

Италијанската луксузна модна марка Гучи ја лансираше кампањата за колекцијата есен/зима 2018 насловена Гучи Колектор.

Кампањата е фотографирана од Глен Лачворд, а фотографиите се фокусираат на ексцентричната колекција сместена во уникатна атмосфера и меѓу неочекувани предмети.

За есен/зима Гучи ни предлага невозможни модни комбинации кои лесно се носат. Палта со риги во комбинација со мрежести чорапи, карирано во комбинација со цветни принтови и накит, свилени цветни фустани во комбинација со спортски патики…

Во продолжение, погледнете каква мода форсира Гучи за следната сезона.

x

Check Also

Топ моделот Елза Хоск ќе го носи градникот на фантазиите (ФОТО)

Спектакуларното шоу на „Викторија сикрет“ ќе се одржи на 8 ноември, а ...