Ел Мекферсон – авион на 54 години, сеуште го оправдува надимакот Тело

Супермоделот од 90-те години, Еле Мекферсон, веќе три децении го оправдува надимакот “The Body”.

Во 90-те беше една од најбараните менекенки за рекламирање на костими за капење и долна облека, поради неверојатното тело. Но, новите фотографии кои ја „уловија“ оваа убавица од Австралија, која денес има полни 54 години, покажуваат дека годините ништо не им можат во однос на добриот изглед. Иако веќе не се занимава со манекенство, понекогаш изработува по некој едиторијал, какошто е случај со септемвриското издание на шпанскиот „Вог“ во кое го промовираше својот Супер Еликсир кое важи за еден од најпродаваните во светот луксузни додатоци во исхраната.

Ел, често во интервјуата зборува за својот начин на исхрана, планот на вежбање, и сите работи кои ги прави за да остане во топ форма. А најчесто ги спомнува следниве четири:

Алкална диета

Моментно се придржува до Алкалната диета. Оваа диета вклучува разновиден зеленчук богат со витамини и минерали, како и житарки. Поборник е за избегнување на процесуирана храна која предизвикува лошо здравје, главоболки, надуеност и наталожување на масти и килограми. Ел Мекферсон внимава на киселоста на организмот и исхраната ја базира на зеленчук, овошје, семки и житарки.

Три литри вода дневно

Водата носи предности за телото и за кожата. Мекферсон пие по 3 литри вода дневно и тоа е правило по кое строго се држи.

Вежбање пет пати неделно

Се бави со повеќе спортови – од јога до велосипед, трчање, бокс. Всушност, тренира пет пати во неделата. Препорачува, дека ако пет пати неделно ви е премногу, да практикувате вежбање барем три пати неделно.

Редовна ексфолијација на лице и тело

Ел верува во моќта на редовната ексфолијација за здав и сјаен изглед на лицето и телото. Секој ден прави пилинг со кој ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја поттикнува регенерацијата на клетките. По пилингот употребува кокосово масло, а истата постапка ја прави и со лицето. Од козметички препарати, најверна е на францускиот бренд п50.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...