Ели Танасковска: Сакам море, море и само море!

Ели Танасковска за одмор се поготвува, како што вели, за 10 минути, а за на останатите членови да им помогне во подготвувањето и требаат уште 30 минути.

ели 1

Што става најпрво во нејзиниот куфер?

„Како поранешен пливач и спортист прво костими за капење, млеко за сончање, две до три маички, 2 до 3 летни фустанчиња, неколку парчиња топ облека и панталони. Не поаѓам без мојот несесер во кој има цела аптека за алергија, ампули, шприцеви и масти. Алергична сум на убод од оса, пчела и комарци. Значи, покрај костимите за капење и несесерот, кои се најважната работа, тука е и персоналниот компјутер, мобилниот телефон и паричникот“, објаснува Ели.

Според неа, се’ друго може да се купи доколку се заборави, млеко за сончање, масло за сончање, лосион за тело за после сончање, малку шминка и маски за коса. Не стои на сонце. Обично со сопругот одат на плажа рано, околу 7 часот. Пливаат околу два часа, потоа се враќаат на терасата со некој аператив или салата.

„Попладне е нашето царство. Цело семејство заминува на плажа и тука почнува шоуто. Одбојка, ватерполо, балет во вода. Трки на 400 и 800 метри краул, грбно, прсно, потоа маратон и – кој е последен части вечера!“, вели Ели.

ели 2 За модни додатоци одговрни се нејзините ќерки. Носат ѓердани, шапки, марами, алки, капчиња, панталони од тантела, маички…

„Ретко ме фаќа мерак за нив, ама кога ќе запнат им го правам ќефот. Велам, јас сум спортски тип и сите додатоци на плажа ми пречат. Сакам море, море и само море. Годинава заминувам во Канада, а оттука заедно со ќерка ми одиме на Куба. Овојпат ќе биде мачно. Не сакам долги летови, менување на авиони, ама помислата дека ќе бидеме сите заедно ми дава сила да ги прелетам сите океани!“.

x

Check Also

Збогум Питер Линдберг, великан на модната фотографија

На 74-годишна возраст почина великанот на модната фотографија – Питер Линдберг. Линдберг ...