Елизабет Тејлор, од грдото пајче до убавица со префинет стил

За посебноста на Елизабет Тејлор нема да дознаеме многу од нејзините филмови и љубовни врски, ниту пак од нејзините многубројни бракови. Туку од животните датуми и факти за дивата, кои записничарите (некаде) ги забележиле.

et3

Родена грда, со лице и тело покриени со влакна поради ретка болест, никој не ни помислил дека зад ова грдо пајче се крие најголемата заводничка на Холивуд. Иако докторите се изјасниле дека ова мало девојченце темните црни влакна ќе ги носи низ целиот свој живот, за среќа тие паднале по првата недела. Од млада девојка, носејќи го тој таен комплес, иако со нежно, мазно лиценце, таа целосно го депилирала за да биде совршено чисто. Подоцна овој третман од неа ќе го преземе и Мерилин Монро. Во Холивуд го добива името Лиз, но таа мразела да ја нарекуваат така, сметајќи на звучноста при изговорот (Лиз се слушало како хис, односно негова).

et1

Филмскиот хонорар во 1943 ѝ бил само 100 долари неделно за филмот „Леси се враќа дома“. Точно 20 години подоцна, кога платата на претседателот Џон Ф. Кенеди била 150.000 долари, а најбогатиот бизнисмен заработил 650.000 долари, Елизабет инкасирала најмалку 2,4 милиони долари. Во 1992 година ќе ја постигне највисоката плата, со тежина од 2,5 милиони долари за филмот „Флинстонс“. Истата таа 1963 славниот уметник Енди Ворхол ќе го продаде нејзиниот портрет за 23,7 милиони на анонимен човек на аукцијата на „Кристис“ во Њујорк. Во 1910, сликата на Ворхол (насликана во 1962) со име „Мажите во животот на Елизабет“, била продадена за 63,3 милиони долари!

Во 1959 ќе ја прифати еврејската религија, а нејзиното име на еврејски е Елишеба Рачел. Била прогласена за мртва во 1960 година, поради реткиот вид пневмонија од која се лекувала, и која очигледно ја излечила. Во текот на животот пет пати ја повредувала половината, а најтешко кога во 1945 паднала од коњ.

et4

Елизабет била страсен пушач, сè до 1975 кога погрешно ѝ била поставена дијагноза за рак на бели дробови. Избезумена од дијагнозата, ги фрлила цигарите.

14 пати се појавила, сама, на насловната страница на угледното списание „Пипл“, за еднаш помалку од рекордерката лејди Ди. Како колекционерка на накит, во својата колекција имала парчиња што се сметаат за едни од највредните во светот, вклучувајќи го и 33-каратниот златен брош што ѝ припаѓал на Војвотката од Виндзор. Во колекцијата не недостигал и накитот од најголемите руски кралици и војвотки, но тука е и „Ла перегина“, ценетиот подарок за свети Валентајн од Ричард Бартон. Од Бартон, во колекцијата се наоѓа и „Бартон Картие Дајмон“, кој тој и го подарил во 1969. Истиот ден беше преименуван во „Бартон Тејлор Дајмонд“.

Нејзиниот романтичен живот започнува на само 17 години кога се свршила со славниот американски фудбалски херој Глен Дејвис, познат како кршач на женски срца. Набргу следува втората свршувачка, овојпат со синот на американскиот амбасадор во Бразил.

et2

На својот пријател Мајкл Џексон му дала многу подароци за ранчот „Неверленд“, вклучувајќи го и дрвениот коњ. Била кума на двајца од синовите на Мајкл. Со еден од своите мажи токму на тој ранч и ќе се венча во 1992. Сепак, нејзиниот најкраток брак е оној склучен три дена по премиерата на филмот „Таткото на невестата“, со Конрад Хилтон Јуниор, кој трае онолку колку што им траел медениот месец поминат низ Европа. Односно, 3 месеци. На бракоразводната парница таа жестоко ги дискутирала нивните карактерни разлики.

Елизабет Тејлор не се појави на 75-те годишни награди на Академијата, поради својот негативен став кон војната во Ирак. На Твитер се приклучила во 2009 година, за време на својот престој во болница.

 

x

Check Also

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ: Многу љубов за водните знаци, незаборавен за Лавовите

Во август планетата Венера ќе го напушти знакот на Близнаци и ќе ...