Елката на Готје најшик во новата година (ВИДЕО)

Неодамна се одржа 18. едиција на Божиќни елки на дизајнерите (Designer Christmas trees) кои беа ставени на аукција во хуманитарни цели на настанот кој се одржа во парискиот хотел Саломон ду Ротшилд. Божиќната елка на Жан Пол Готје ги засени останатите.

gotje 4

Славниот златен корсет на кралот на корсетите Жан Пол Готје редизајниран ја закити природната елка.

gotje 3

gotje 5

Елката на Готје која беше продадена за 3.000 евра постигна помала цена од онаа на модната куќа Диор, продадена за 10.000 евра, но бездруго ќе остане запаметена како дизајнерска елка која ја обележа годинава.

 

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...