Елза Скијапарели повторно во центарот на вниманието

Една од најмоќните фигури во историјата на модата, италијанката Елза Скијапарели повторно е во центар на вниманието поради креацијата Зодијак јакна продадена на аукција за дури 180.000 долари. 

elza 2

Јакната Зодијак е продадена на аукција организирана од лондонската аукциска куќа Кери Тејлор, а достигна цена од дури 180.000 долари.

Инаку, Зодијак јакната е дел од колекцијата Астролоџи на оваа креаторка за сезоната зима 1938/39 година.

Zodiac Jacket By Elsa Schiaparelli Goes Under The Hammer For $180,000

Познатата италијанска креаторка, која почина во 1973 година, ја помниме како најважна фигура во светот на модата за време на двете светски војни, најголем ривал на Коко Шанел, но и како жена која го промени лицето на модата. Нејзините креации имаа силно влијание на голем број надреалисти, а ги носеа Салвадор Дали, Алберто Гиацомети, Дејзи Феловерс и Мае Вест.

Елза Скијапарели

Елза Скијапарели

Зодијак јакната и изработена од плиш со прекрасни декорации кои го отсликуваат ѕвезденото небо, планетите и 12-те знаци на Зодијакот. Дополнително е украсена со златни нитки со кои се претставени ѕвездите кои паѓаат и кометите.

x

Check Also

Златни можности со златна картичка на Халкбанк

Поседувањето и користењето кредитна картичка е огромна предност која со себе носи ...