Емили Ратајковски ги рекламира гаќичките од новата колекција на Инамората

Емили Ратајковски повторно се расоблече на Инстаграм за да ја рекламира својата модна марка Inamorata.

28-годишната моделка и глумица го покажа прекрасното тело, рекламирајќи ги гаќичките со леопрад-принт, од новата колекција.

Ратајковски позираше без градник, но градите и се покриени со нејзините раце.

На втората постирана фотографија, повторно во полза за сопствената модна марка, таа позира во секси издание но со розово здолниште. Инаку, фотографиите ги направил нејзиниот сопруг Себастијан Бер Меклард, а беа „лајкувани“ од огромниот број на нејзини фанови.

Модните парчиња од новата колекција се достапни во продажба – „леопрад“ гаќичките чинат 68 евра, додека миди здолништетво во розова нијанса е 43 евра.

x

Check Also

Целосна фотосесија на разголената Кајли Џенер за „Плејбој“

Пред неколку дена на Инстаграм профилот на моделката Кајли Џенер се појави ...