Емили Ратајковски гордо ги покажа влакната под пазуви

Супермоделот Емили Ратајковски е позната по јавното презентирање на своите феминистички ставови, но сега тоа го направи на поинаков начин. Нејзините фанови останаа изненадени кога ја објави фотографијата на која со гордост таа ги покажува влакната под пазуви. Секако, со важна порака:

-Дајте им на жените можност да бидат тоа што сакаат. Напишав есеј за Харперс Базар за важноста на женските права да избираат како да се облекуваат, што да објавуваат на социјалните мрежи, дали да се бричат или не, – се пофали атрактивната Ратајковски на Инстаграм.

Понатаму таа објаснува дека сите жени треба да бидат третирани со достоинство и почитување, без разлика на тоа на кој начин тие се претставуваат пред светот.

-Јас често се депилирам, но понекогаш пуштам влакна на своето тело и поради тоа се чувствувам секси, открива манекенката.

x

Check Also

Свадбени ѕвона за Џенифер Лоренс, раскошниот прстен е веќе на рака

29 годишната актерка добила дијамантен прстен украсен со смарагд од својот избраник ...